logo
logo
logo

МЗШВ: Дополнителна субвенција од 5.760 денари за сите земјоделци со еден или повеќе хектари житни култури

Vecer | 04.07.2022

МЗШВ: Дополнителна субвенција од 5.760 денари за сите земјоделци со еден или повеќе хектари житни култури

Националниот план за производство на храна содржи мерки за директна поддршка на земјоделците, со акцент на житните култури. Обезбедена е дополнителна мотивирачка мерка за производителите на житни култури од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат остварен принос од еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, рж, овест и сончоглед и ќе го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според МЗШВ, од оваа година оваа дополнителна мерка е изменета, па огранигучањето на приносот од 5 до 50 хектари, кое претходно важеше, е заменето и истата мерка од април ова година важи без ограничување од еден хектар па нагоре за сите производители на житни култури. -Оваа дополнителна финасиска поддршка на земјоделците им овозможува дополнителни средства како поддршка при процесот на производство житни култури. Ги повикуваме сите земјоделци производители на житни култури да аплицираат и да ја искористат оваа мерка, крајниот рок за аплицирање по оваа мерка, за дополнителна поддршка од скоро 100 евра за зголемен принос е до крајот на октомври оваа година, наведува МЗШВ. МЗШВ потсетува и дека Националниот план за производство на храна обезбедува поддршка за земјоделците и при набавка на вештачко ѓубриво, а веќе поддршка по оваа мерка преку Интервентниот фонд е исплатена до 3.304 земјоделци. -Земјоделците добиваат 4.000 денари поддршка за набавка на вештачко ѓубриво за засеани површини со пченица и пченка и високи 2.500 денари поддршка за набавка на вештачко ѓубриво за површини засеани со јачмен и сончоглед. Нова интервентна субвенција од 400 денари по хектар е овозможена и за набавка на течни фолијарни ѓубрива, за минимум употребени 6 литри течно ѓубриво по хектар за пченица, јачмен, пченка и сончоглед, информира Министерството. За производителите на житни култури, дополнува, распишан е и посебен јавен оглас за доделување под закуп државно земјоделско земјиште над три хектари, распоредено во 14 региони низ државата со вкупна површина од 5.722 хектари. -Овој оглас предизвика голем интерес кај земјоделците и веќе со министерството се склучени рекордни 258 договори за закуп. Како Министерство заедно со Владата остануваме посветени во работата и креирањето на мерки за поддршка на секој еден земјоделец. Наша цел е стабилно домашно производство, но и зголемување на домашното производство и помала увозна зависност на државата од житни култури. Само заедно обединети и сложни можеме полесно да ја надминеме оваа криза. Токму затоа како министерство бараме и инсистираме од земјоделците, целото домашно производство, пред се, да го дадат во домашни предаботувачки и откупни капацитети, наведува МЗШВ.    

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk