logo
logo
logo

Мудис го намали кредитниот рејтинг на Украина - ДРЖАВНИОТ ДОЛГ ИМ Е НЕОДРЖЛИВ

Vecer | 21.05.2022

Мудис го намали кредитниот рејтинг на Украина - ДРЖАВНИОТ ДОЛГ ИМ Е НЕОДРЖЛИВ

Мудис го намали кредитниот рејтинг на Украина од Caa2 на Caa3 со негативна прогноза.

Како причина го наведоа зголемениот ризик во однос на одржливоста на долговите на земјата по рускиот напад.

„Иако Украина има корист од голема меѓународна финансиска помош, која и помага да избегне непосредни ризици за ликвидност, последователниот значителен скок на државниот долг веројатно ќе се покаже неодржлив на среден рок“, наведува агенцијата.

Мудис, кој претходно ја држеше прегледот на изгледот за кредитниот рејтинг на земјата, сега го спушти на негативен поради неизвесноста за понатамошниот развој на војната и поврзаните кредитни импликации, пишува црногорскиот портал Банкар.

Лидерите на групата Г7 на најразвиените економии во петокот договорија нова помош за Украина во износ од 9,5 милијарди долари и и ветија доволно пари за да може да го одржи функционирањето на нејзината уништена економија се додека се бори против руската инвазија. .

Мудис сега очекува воениот конфликт во Украина да трае многу подолго отколку што првично претпоставуваше и предвидува дека БДП на Украина ќе потоне за околу 35 проценти оваа година.

Мудис очекува закрепнувањето на економијата да започне во 2023 година, но предвидува и дека руската инвазија ќе предизвика трајна штета на БДП на Украина.

Фото: профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk