МПЦ ги покачува кириите за земјата покрај плажите

Тешки времиња за угостителите на плажите откако закупот на земјиштето кои ги издава општината достигна и по 11 пати повисоки цени Македонската Православна Црква ги известила закупците на земјиште покрај езерото ( плажи ) кои се во сопственост на МПЦ ОА дека кириите се зголемуваат – дознава „Охрид1" од свои извори.


Од „Дебарско кичевската епархија" за ова прашање останаа без коментар, а за тоа не сакаат да зборуваат ни бизнисмените закупци на земја и објекти во сопственост на црквата.


Неофицијално во МПЦ ОА се разгледувале најновите прилики по најновите аукции со кои се покажало дека за плажи може да се плаќаат десетици или стотина илјади евра наем и било заклучено дека црквата неможе да продолжи да ги рента плажите по цени како досегашните бидејќи состојбата е променета, па закупците биле известени дека од сега имаат нови цени, кои може да ги прифатат или да ги напуштат црковните имоти.


Неофицијално кириите нема да се пониски од 5000 евра по сезона.
На јавното наддавање минатата седмица плажите кои ги изнајмува под закуп општината достигнаа астрономски суми благодарение на една фирма која наддавала за сите плажи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари