logo
logo
logo

ММФ се вклучи во случај на пропаст на Банката на Силиконската долина: Страв од ДОМИНО ЕФЕКТ

Vecer | 13.03.2023

ММФ се вклучи во случај на пропаст на Банката на Силиконската долина: Страв од ДОМИНО ЕФЕКТ

Финансиската стабилност под лупа

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека ги следи потенцијалните импликации за финансиската стабилност по колапсот на банката во Силиконската долина (СВБ) и изрази уверување дека Вашингтон презема соодветни регулаторни чекори.

Внимателно ги следиме случувањата и потенцијалните импликации за финансиската стабилност и имаме целосна доверба дека креаторите на политиката во Соединетите држави преземаат соодветни чекори за справување со ситуацијата, рече портпаролот на ММФ во изјава за Ројтерс.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен во неделата изјави дека американската федерална влада нема да ја спаси БСВ, која банкротираше во петокот, туку работи на помош на инвеститорите кои се загрижени за своите пари во банката.

Американскиот министер за финансии се обиде да ја смири јавноста, која стравува дека колапсот на БСВ може да произведе домино ефект и да се прелее на други банки во САД.

– Американскиот банкарски систем е навистина безбеден, издржлив и има многу капитал – рекла Јелен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk