ММФ предвидува раст на македонската економија од 2,5%

Се очекува инфлацијата во Македонија да се одржи на 1,7% до крајот на годината

Раст на македонската економија од 2,5 проценти до крајот на годинава, предвидување од 3,2 проценти во 2018 –ма - прогнозира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот извештај за економската слика, објавен во рамки на претстојните есенските средби во Вашингтон.

Во октомврискиот извештај на Светскиот економски преглед, проекциите за растот на македонскиот бруто-домашен производ (БДП) се 2, 4%.

ММФ очекува инфлацијата во Македонија да се одржи на 1,7% до крајот на годината. Се очекува да остане на исто ниво и во 2018-та. Актуелниот дефицит се предвудува да биде 2,3 отсто од бруто-домашен производ, а во 2018-та се очекува да се зголеми на 2,5%.

Во априлскиот извештај прогнозираниот раст беше 3,2 отсто, кој, пак, беше ревидиран надолу од претходниот кога ММФ сметаше дека македонската економија ќе порасне во 2017-та, за 3,5 отсто.

Од соседите во регионот, Босна и Херцеговина и Македонија се на дното со 2,5 проценти предвиден економски растеж. За Косово прогнозите се дека ќе има раст од 3,5 проценти, Србија 3%, Бугарија 3,6%, а на врвот котира Словенија со 4%, предвиден економски растеж.

Поврзани

Најнови вести

Коментари