logo
logo
logo

Мицкоски: „Херојски“ криминалната влада го намали индустриското производство за 5.3 %

Vecer | 02.12.2022

Мицкоски: „Херојски“ криминалната влада го намали индустриското производство за 5.3 %

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук статус објави дека со оваа власт Македонија доживува пад на идустриското производство за 5.3%. Неговиот статус го пренесуваме во продолжение. Нов пад на индустриското производство! Во Октомври 2022 година споредено со Октомври 2021 година, индустриското производство во Македонија се намалило за 5,3%. Неспособната и криминална влада, “херојски” со своите политики го намалила производството во секторот рударство и вадење на камен за цели 13,2%, намалувањето во преработувачката индустрија е 4%, а снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 9,2%, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Додека владата го намалува индустриското производство, економијата паѓа, истата влада “херојски” си договара тендери во четири очи за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!!, пишува Мицкоски на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk