ПРОМЕНИ

Мислав Галер нов извршен директор на „Оне-Вип"

Мислав Галер ќе биде нов извршен директор на телекомуникацискиот оператор „Оне-Вип". Тој обврските на новата функција ќе ги преземе од октомври 2017 година и ќе го наследи Димитар Ковачевски, кој одлучил да ја напушти компанијата.

„Ковачевски ќе остане во „Оне-Вип" до крајот на годината за да помогне во веќе почнатите проекти кои се однесуваат на зацврстување и на позиционирање на брендот на компанијата, а во исто време да овозможи непречено продолжување на операциите и пренесување на обврските на својот наследник", информираат од компанијата.

Новиот извршен директор на „Оне-Вип", Мислав Галер, доаѓа од позицијата постар директор за големи корисници и е член на менаџерскиот тим за Хрватска и за Македонија.

„Со долгогодишното искуство на динамичниот хрватски пазар, познавањето на бизнис-трансформација, како и на процесите при спојување на компании и на продажни тимови, тој сигурно ќе даде голем придонес за уште посилно позиционирање на „Оне-Вип" на македонскиот пазар", додаваат од компанијата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари