Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност се опоравува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање на преговорите за пристапување во Европската Унија, по повеќе од дванаесет години од добивањето на кандидатскиот статус. Структурните реформи за решавање на долгогодишните слабости на пазарот на трудот, судството и јавната администрација се од суштинско значење за да се искористи оваа можност и да се обезбеди посветла иднина преку поголема продуктивност и побрза конвергенција на доходот. Макроекономските политики треба да ја поддржат оваа цел преку обновување на баферите и просторот за политики, како и одржување на финансиската стабилност. Ваква е првичната оценка на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Во завршната изјава на мисијата на ММФ се истакнува дека Економската активност полека се опоравува по застојот во 2017 година. Реалниот БДП е проектиран да порасне на 2 отсто во 2018 година, поддржан од силниот извоз и приватната потрошувачка, во услови на подобрување на состојбите на пазарот на трудот и силниот раст на кредитите на населението. Во меѓувреме, доцнењата на големите инфраструктурни проекти, падот на градежните активности и провлекувањето на неизвесностите продолжија да ги одложуваат инвестициите. Севкупните макроекономски состојби се поволни со ниска базична инфлација, дефицит на тековната сметка во опаѓање и позитивни трендови на девизниот пазар. ММФ додава дека растот се очекува постепено да се приближува кон 3,5 отсто на среден рок.

Во делот на креирањето работни места и зајакнување на институциите, ММФ оценува дека стапката на невработеност уште е висока и изнесува 21 отсто, што се должи на недостатокот на вештини, како одраз на слабиот квалитет на образованието, неразвиеното стручно образование и емиграцијата на работна сила, се с’ржта на високата невработеност, од кои 80 отсто се долгорочни. Мисијата порачува дека е потребна е повеќестрана политика за справување со слабостите на пазарот на труд и зголемување на растот на продуктивноста. Се додава дека реформите за зајакнување на управувањето, владеењето на правото и судскиот систем придонесуваат за подобрување на инвестициската клима и поддршка на поголема конвергенција на доходот.

Во делот на фискалната политика, според заклучоците, јавните финансии ослабнале во изминатата деценија, ограничувајќи го просторот за политиките за спречување шокови. Како оценка за предлог буџетот, мисијата на ММФ смета дека предлог буџетот за 2019 година има јасна намера да одговори на одржливоста на пензиите, промовирање на социјалната еднаквост и поддршка на вработувањето.

Мисијата дополнува дека неодамнешните реформи за зајакнување на управувањето со јавното финансирање и зголемување на фискалната транспарентност се охрабрувачки и треба да продолжат. Монетарната политика е  соодветно прилагодлива, а Банкарскиот систем останува здрав, но ризиците треба внимателно да се следат со оглед на основните структурни слабости. Порачуваат дека е Важно е понатамошно зајакнување на рамката за финансиска стабилност. Напорите за подобрување на ефикасноста на финансискиот сектор и за продлабочување на инклузивноста бараат активности на повеќе фронтови.

Завршната изјава ги опишува првичните наоди на членовите на Мисијата на ММФ на крајот од официјална посета (или “мисија”), во повеќето случаи за една земја-членка. Мисии се преземаат како дел од редовните (обично годишни) консултации според Член 4 од Статутот на ММФ, во контекст на барање да се користат ресурсите на ММФ (заеми од ММФ), како дел од дискусиите на програмите за набљудување, или како дел од друг мониторинг на економскиот развој. Врз основа на првичните наоди на оваа мисија, вработените во ММФ ќе подготват извештај што е предмет на одобрување од страна на менаџментот, што ќе биде претставен на Извршниот одбор на ММФ за дискусија и одлучување.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари