logo
logo
logo

Министерот Бочварски на состанок со министрите за транспорт од Југоисточна Европа

Vecer | 25.03.2021

Министерот Бочварски на состанок со министрите за транспорт од Југоисточна Европа


На покана на министерот за транспорт и инфраструктура на Република Турција, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски се обрати на онлајн состанокот на Министрите за транспорт во рамките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа.

Покрај, министерот Бочварски, на состанок беа присутни и министрите за транспорт од Црна Гора, Србија, Словенија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Грција, Молдавија и Босна и Херцеговина.

На средбата се разговарало за соочување и надминување на негативните последици од Ковид пандемијата во делот на транспортот на стока.

Сите министри се согласиле дека регионалната соработка е од исклучително значење за преземање на активности во насока на намалување на севкупното негативно влијание врз транспортот и обезбедување на непречен проток на стока.

Министерот Бочварски истакнал дека Ковид кризата уште повеќе ја наметнува потребата за интегриран транспорт во насока на обезбедување на непречен проток на храна и медицинска опрема.

“2020 година беше година на предизвици од сите аспекти, особено во областа на транспортот. Главните активности што се преземаа беа во насока да овозможат непречен транспорт на стока. Концептот „Зелена лента“ промовиран во регионот на Западен Балкан за време на здравственета криза како привремен брз одговор на тековната вонредна состојба може да постане пример за поефикасен и економичен систем за прекуграничните активности меѓу земјите. Податоците покажуваат дека приближно 80 проценти од транспортерите што ги користат гранични премини на ЦЕФТА ги користат зелените коридори, а 20 проценти од нив што превезуваат материјални добра имаат корист од приоритетното поминување”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот потенцираше дека заедно со регионалните организации, се прават напори за обезбедување на непречен транспорт долж Коридорот 10.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk