logo
logo
logo

Мицкоски со земјоделците од Арачиново и Гази Баба: Власта со години не им ги исплаќа средствата за обештетување

Vecer | 21.04.2021

Мицкоски со земјоделците од Арачиново и Гази Баба: Власта со години не им ги исплаќа средствата за обештетување


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, остварија средба со претставници на иницијативниот одбор на земјоделци од Арачиново и Гази Баба, кои беа погодени од невремето во изминатите години.

Претставниците на земјоделците го информирале Мицкоски дека обештетувањата уште не им се исплатени, иако поминал подолг период.

Тие потенцирале дека се работи за околу 250 семејства, чија примарна дејност е земјоделството и нивната егзистенција е нарушена.

Претседателот Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање, доколку треба да се донесе одредено законско решение пратениците тоа да го предложат, односно да го изгласат, стои во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

Од страна на Мицкоски беше посочено дека е безобразие ова што власта ги влече со години и не им ги исплаќа средствата на име на обештетување, и дека за тоа треба да има одговорност, информираат од опозициската партија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk