logo
logo
logo

„Место за живот кое има сè! Вистински дом. Не само стан."

Vecer | 30.06.2022

„Место за живот кое има сè! Вистински дом. Не само стан."

Новиот комплекс на Голден Арт во Аеродром, 4° е времеплов во идното модерно урбано живеење со највисок енергетски стандард кој гарантира сметки до 6 пати пониски во однос на објекти кои не се градени по систем од оваа класа на енергетска ефикасност. 

Ретко која градежна компанија навистина ги зема предвид поголемиот дел групи на купувачи на станови.

Самохран родител, млад брачен пар, семејство со повеќе деца, грижливи баба и дедо кои сакаат да остават нешто убаво на идните генерации и сл.

Во потрага по објект кој спојува широка понуда, одлична локација и најважното од сè - докажан квалитет на градба, доаѓаме до општина Аеродром и комплексот „4°“ на лидерите во модерното градежништво, Голден Арт.

Овде нивното мото навистина доаѓа до израз – Дом. Не само стан.

Затворениот комплекс кој полека, но сигурно го добива својот изглед, ќе биде опкружен со богати зелени површини и е лоциран на потегот помеѓу бул. “3-та Македонска Бригада” и бул. “Србија” во Аеродром.

Креиран е да го понуди сето она што едно модерно живеење треба да го нуди. Отворениот поглед е како од рекламните спотови – започнувањето на денот и секое ново изгрејсонце е пред вас и ве исполнува со ведрина, чувство на позитивност и оптимизам.

ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ТЕРЕН СЕ ОДВИВААТ СО НЕПРЕЧЕНО И ЗАБРЗАНО ТЕМПО

Локацијата нуди пристап до било која точка на градот, па така предизвиците се полесни за соочување и надминување. А будењето со природно светло од исток нуди гарантирање на мирот зошто истата е најприродна за целокупниот физички и психички развој на човекот.

Вашиот поглед кон околината е отворен, но вашата безбедност од околината е затворена и сигурна приказна. Принципот на затворен комплекс нуди идеална заштита за секој чиј дом ќе се најде тука, со модерни затворени заеднички простории за безбедност на вашите хоби елементи како велосипедите на пример. Шеталиштето ќе овозможи дружба меѓу станарите и најмалите, а еден куп детали како имањето на подземни контејнери навистина ќе го направи живеењето тука како времеплов во иднината на урбаниот живот.

[caption id="attachment_1079655" align="alignnone" width="2304"] ОБЈЕКТОТ Е ПОЛН СО ДЕТАЛИ ОД МОДЕРНОТО ЖИВЕЕЊЕ, КАКО ШЕТАЛИШТА, МНОГУ ЗЕЛЕНИЛО, ПАРКИНЗИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ, ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ[/caption]

Новиот комплекс е граден по стандардниот Голден Арт систем со највисок енергетски профил кој гарантира сметки до 6 пати пониски во однос на објекти кои не се градени по систем од оваа класа на енергетска ефикасност. А тоа во ова време, навистина многу значи!

Службите за продажба на Голден Арт Ви стојат на располагање секој работен ден до 16ч и сабота до 13ч, на телефоните 071/225-888 и 075/225-888.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk