logo
logo
logo

Македонски производи ќе се извезуваат во Украина без царина

Vecer | 16.06.2021

Македонски производи ќе се извезуваат во Украина без царина

Македонски производи ќе се извезуваат во Украина без царина, ова е договорено на третата седница на меѓувладината комисија по Договорот на македонската влада и украинската влада за трговска и економска соработка со која преседаваа министерот за економија Крешник Бектеши и заменик министерот за економски развој, трговија и земјоделство на Украина, Тарас Качка во улога на домаќин.

Изразувајќи го задоволството што по 12 години од одржување на Втората седница на оваа меѓувладина комисија министерот Бектеши рече:

„Традиционалното пријателство меѓу двете земји претставува предуслов и стабилна основа за соработката да продолжи со позитивен тренд во периодот што претстои во сите области од заеднички интерес, а посебно на економски план. Во последните две години односно пред пандемијата, успеавме за граѓаните на двете земји да им овозможиме безвизен режим за краткорочен престој од 90 дена, директен авио лет Киев-Скопје и обратно, како и збратимување на седум општини од Северна Македонија и Украина. Оваа година, двете земји во рамки на билатералните односи, успеаа да договорат нова либерализација согласно Договорот за слободна трговија. Се надевам во најскоро време ќе се потпише таа либерализација, бидејќи е значаен поттик за компаниите да можат да извезуваат голем број на производи кои се домашно производство, без царина или со намалена царина“.

Министерот информираше дека Северна Македонија веќе започна промотивна кампања за извозниот потенцијал на македонски производи и дека Украина е голем пазар за македонското вино и земјоделски производи, и во таа насока предложи за можност за промоција, учество на саеми и бизнис форуми.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk