logo
logo
logo

ПЧЕЛИТЕ МОЖАТ БЕЗ НАС, НО НИЕ НЕ МОЖЕМЕ БЕЗ НИВ

Македонската влада ќе наплаќа пашарина за тие што ја спасуваат планетата

Vecer | 15.06.2021

Македонската влада ќе наплаќа пашарина за тие што ја спасуваат планетата

СДСМ, ДУИ и министерот за земјоделие од БЕСА предлагаат со нов закон да почнат да наплатуваат пашарина за пчелите кои што ќе ги запрашуваат цветовите на државно земјиште.

Познавачите тврдат дека ваков предлог досега немало во ниту една друга земја, пренесуав експрес.мк

Според членот 23 од новиот закон што го предлага владата во делот за колективно напасување кој е во владина процедура од март се вели дека пчеларите ќе плаќаат по 0,3% од просечна годишна плата по пчелно семејство!

Ова значи дека луѓето кои одгледуваат пчели а имаат по стотина пчелни семејства ќе и плаќаат на државата значителна сума пари за тоа што пчелите ќе опрашуваат цветови на државно земјиште што овој бизнис кој ионака има многу проблеми го прави многу понерентабилен.

Над 90 % од светските приноси на земјоделски производи се опрашуваат со пчели поради што глобалните активности гости за спас на планетата земја велат дека ако ги снема пчелите ќе го снема и човештвото.

Пчеларите се гневни а некои во знак на протест иронично предлагаат да ги уништат сите сандаците со пчели за членовите на Владата да мораат рачно да ги запрашува земјоделските површини од кои се храни Македонија.

Ако сакаме да преживееме треба да направиме сè што е во наша моќ да ги сочуваме пчелите бидејќи не зависат тие од нас, туку ние од нив. Големо количество храна зависи од опрашувањето на пчелите.

Дури една третина од храната која секојдевно ја јадеме зависи од работата на пчелите.

Ако се намали популацијата на пчели ќе се намали и приносот на некои растителни култури, а некои може и да исчезнат што ќе доведе неминовно до недостаток на храна за хуманата популација.

Покрај ова, да не заборавиме, пчелите продуцираат мед кој содржи разновидни витамини, минерали и корисни шеќери.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пчелите се важни за целата планета земја.

Тие помагаат во опрашувањето на растенијата и нивното размножување. А тие растенија ни даваат храна која секојдевно ја консумираме.

Која е причината за намалувањето на бројот на пчели?

Главна причина е недостатокот на доволен број медоносни растенија, но и загаденоста на водните екоситеми.

Загадената почва дава загадени растенија, екстремни температури, монокултури како и разни видови болести и паразити се причинители на намалувањето на бројот на пчелите.

Сепак, глaвниот причинител кој доведува до изумирање на колониите на пчели е употребата на пестициди во земјоделието и овоштарството.

Како да им помогнеме на пчелите?

Доколку сакаме да живееме во средина со богат биодиверзитет треба да превземеме сè што е во наша моќ да ги сочуваме пчелите и им ја олесниме работата бидејќи не зависат тие од нас, туку ние од нив.

Најлесен начин да им се помогне на пчелите е садењето медоносни растенија и избегнувањето на употреба на хербициди.

Да не се загадуваат растенијата со непотребно прскање со пестициди или ако веќе мораме да ги прскаме, да користиме органскки пестициди.

Пчелите не се страшни, страшен би бил светот без пчели!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk