logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

Македонија во топ 10 земји по инфлација на храната, народот ќе трпи за леб, а на Ковачевски око не му трепнува

Vecer | 26.11.2022

Македонија во топ 10 земји по инфлација на храната, народот ќе трпи за леб, а на Ковачевски око не му трепнува

Поради владата на СДС и ДУИ, Македонија се соочува со економска катастрофа и драстично осиромашување на народот. Тоа го покажува и новиот извештај на Светска Банка според кој Македонија е во првите десет земји во светот кои имаат највисока реална инфлација во храна. Оваа стапка се пресметува како инфлација на цените на храната минус вкупната инфлација и резултатите се поразителни. Од Европските земји пред нас е само Унгарија, а со Турција ја делиме позицијата. Други европски земји нема, туку сите останати се од Африка, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека катастрофални параметри измерил и Државниот завод за статистика во октомври, според кој цените за храна во октомври се повисоки за 32,4%.

– Но ако се земе предвид поскапувањето на основните намирници за над 50%, тогаш осиромашувањето на народот е далеку поголемо. Народот ќе трпи за леб, а на Ковачевски око не му трепнува. Владата на Ковачевски не направи ништо ова да го спречи. Напротив тие времето го трошат на тендери и лично богатење додека народот се соочува со рекордни стапки на инфлација кои се едни од највисоките во Европа и светот. Цените беснеат, долгот забрзано расте, енергетската криза станува се поголема, а Македонија со Ковачевски како по правило секогаш има најлоши параметри во споредба со другите земји. Оваа неспосбна и криминална власт мора да замине. Народот премногу скапо ја плаќа нивната неодговорност, се додава во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk