Во моменти кога светот се соочува со енергетска криза и кога станува јасно дека во Македонија под долги години може да има рестрикции на струја екс директор на производство на РЕК Битола во отворено писмо нуди решенија за кризата и укажува каде се направени грешки кои сега граѓаните можат да ги чинат мрак и студени домови.

Писмото го објавуваме интегрално:

До
Г. Васко Ковачевски генерален директор на АД ЕСМ

Во последно време по многуте прозивки до Вас повторно се јавивте со ништо не предизвикан и кој знае по кој пат во заштита на Вашата партија, а не во интерес на граѓаните и вработените во РЕК Битола и АД ЕСМ како што е редот. Ова што го најавувате е научна фантастика или што би рекле нашите луѓе „приказни за мали деца“ ама и тие повеќе на Ви веруваат.

За приказните малку покасно.

Како прво ќе пробам во кратки црти таксативно да набројам се што ветувавте во ова предизборие, но сепак и тоа е премногу. Влегувате во самозалажување, почнувате да верувате во сопствените лаги, заборавате што претходно сте ветувале, негирале или како што кажувавте некои работи никогаш не би ги граделе.

И види мајката сега се Ви излегува како што негиравте, сега тоа е добро, а она што Вие го ветувавте за ваша жал сега не чини.
Сегашни ветувања:

Инвестиции во државата – економија 2021-2027 год. од 8 миљ и 175 милиони €, а само во енергетскиот сектор 3 милијарди и 144 милиони €. Овие проекти ќе бидат самостојно финансирани или со ЈПП.

РЕК Битола со зелено сценарио
Когенеративна гасна електрана 200-400 MW
Замена на два блока од РЕК Битола
Почеток на работа на овие инвестиции по завршувањето на грејна сезона 2025/26 год.
Инвестиција прва фаза 100 мил € вкупно 200 мил €.

Фотонапонска електрана
Прва фаза две електрани од по 10 MW и една од 40 MW. Ова во целосна сопственост на АД ЕСМ (државата), колку пари ќе чини сето ова?
Дополнителни (кога?) и (каде?) една од 100 MW и две од по 50 MW, овие ЌЕ се градат преку ЈПП (како РЕК Осломеј со бугарски и турски фирми) со вредност од 110 мил €
Топловодна мрeжа 35 мил € (пред избор на изведувач, во меѓувреме веќе избран)
Оваа есен топловодната мрежа да се развива
Се ова треба да се гради со задолжување од 2014/15 год. досега се плаќале камати на неискористени средства (секундарна и терцијална фаза).

За се ова потребни се околу 350 мил € кои ќе бидат испратени од ЕСМ кон Битола
Целта: Да се засили енергетската трансформација која е со највисока отценка
Да ја зачуваме енергетската стабилност
Заштита на околината и здравјето на луѓето
Кој ? Што ? Зошто ? се чекаше Г-дине Ковачевски, со завршен проект, со земени кредити (имаше) пари, а сега види какво просветлување во Вашата глава или во главите на тие што се над Вас:

Ова се да ти биди добро но било од некои други, што не се наши. Чекајки да помине време и играјки на картата на слабо паметење на нашиот народ, Вие повторно Воскреснувате нешто што е веќе умрено, а всушност Вие го усмртвивте.

Оваа приказна ја слушаме од Вас по не знам кој пат, но ништо од ова во реалноста нема реализација. Ангажирате конзорциум за да почне копање на канали. Можеби за другите активности и треба нешто познавање и експерти, но за копање на канали по Пелагониската рамнина и за тоа ли ви требаше експерти од странство (како што разбрав Атом енергоремонт, Рапид билд и Гранит) зарем Битола нема ни една компанија која ги има овие машини за ископ, но Вие си знаете и еден ден ќе кажете. Вие сето ова ќе го реализирате за само 2 (две) години, топловодна и гасоводна инсталација и тоа ќе Ве чини 47 мил € (40 мил € кредит и 7 мил € наши средства).

Со ова Вие на несакање ја кажувате суштинската причина зошто се ова се случува вака.

Јавниот повик е распишан во октомври 2020 год. пред некој месец јавен повик за избор на фирма а изборот завршен пред 10 тина дена, крај. Ова ќе биде во две фази како што кажувате :
1 фаза – Ископ и поставување на цевковод од РЕК Битола до Битола
2 фаза – Изградба на две подстаници и секундарна мрежа

Со ова ќе се врши снабдување на 35 општествени претпријатија и тоа би било некаде една третина од вкупниот капацитет на системот. Понатаму изградба на топловод и затоплување на оранжерии.

Се заигра Г-дине Ковачевски, но играта не почнува од средина. По некое непишано правило играта започнува од почеток, па ова што го кажувате и на крајот најважното каде се ова ќе заврши. Ние како што започнавме ќе ни се случи хаварија а ние сеуште ништо немаме почнато.

Сега Вие имате да градите цевковод. Ќе ја ископате Пелагонија, ќе ставите ако ставите цевковод и тука се ќе заврши. Што понатаму сами кажувате 2025-26 год. по таа грејна сезона ЌЕ се започне со когенеративна електрана. Колку ќе се работи никој не кажува. Значи 4 ри години градоначалникот на Битола не направи скоро ништо за оваа ситуација која Вие сега ја најавувате. Таа ископа многу улици, повеќето во централниот дел (последните месеци за жал, каде се движат граѓаните да се покаже некоја активност), но за голема жал на ниедна од овие улици не постави нити цевковод нити парновод од секундарната и терцијалната мрежа. Првиот што ќе дојде по неа ќе треба да го направи ова. На секоја ископана улица требаше да се постават овие цевки за топлификација и гасификација. Пред 4 години тоа беше Вашето гесло за доаѓање на власт (покрај фрлањето со кондоми и боја по новите фасади, но тоа зборува за Вас). Затоа ваквата Ваша најава е непромислена, технички неиздржлива и едноставно уште една предизборна флоскула.

Што всушност се случува во моментото во светот. Веќе нема природен гас, додуша кај нас и воопшто го нема, неговата цена се покачи за неверојатни 900-1000% а тоа значи дека многу скоро електричната енергија за многу скоро време ќе треба да ја плаќаме по овие енормно високи цени а тоа е 9-10 пати повисоки од моменталните.

Природниот гас е производ кој го немаме и мора да го купуваме и увезуваме исто како нафтата и бензините, Вие и понатаму играте на картата Зелено сценарио за кое веќе нема и ќе има се помалку вода, ветерната енергија не е алтернатива, сонцето само во најава за замена на дел од енергијата и тоа со голема цена и она што е најважно повторно немаме базна енергија. Веќе сега сите наши фирми кои работат и произведуваат, а се упатени на светскиот пазар за купување на електрична енергија доаѓаат во претешка, скоро неиздржлива состојба, а РЕК Битола го нема а ќе го има уште помалку или воопшто ќе го нема за краток период (за голема жал на сите нас).

Што во овие моменти се случува во светот на енергетски план.
Гувернерот на Калифорнија бара од владата во Вашингтон дозвола т.е. да се укине забраната за употребана јаглен и гас. Цената е преголема се воведува вонредна состојба во електро стопанството, нема електрична енергија.

Велика Британија – има непланирани финансиски интервенции како би работеле термо централите, за домаќинствата цената би ја надокнадувале државата. Цената на електричната енергија е скокната за 3000%. Зошто ? Цела година мирно време без ветер – катастрофа.

Прогнозите за цените за наредната година ќе се покачат до максимум, што од друга страна доведува до „енергетско сиромаштво“ на скоро половина милион граѓани а компаниите одт во стечај. Велика Британија е најзелената земја затоа што е отфрлена експлоатацијата на јаглен. Во 1990 год се трошело 105 мил Т јаглен а по 30 год има потрошувачка од само 8 мил Т . Велика Британија прва тргна кон декарбонизација без валкани горива. Електричната енергија е крвоток и воздух на современиот свет. Светлината и топлината од „зелена“ енергија не се ништо друго до модерни играчки, кои не гарантираат сигурно снабдување со електрична енергија, а уште помалку да ги намалат производните трошоци. Во исто време штом се крена цената на природниот гас, сега валканиот и нечист јаглен повторно е на пиедесталот како прв реагенс.

Во Русија се тера „зелениот план“ но со доста резерва и таму се тера планот со експлоатација на јаглен. Пред 1 година почнаа со одобрување на планот за развој на индустријата за јаглен а тој е зголемување на производството на јаглен. Тоа значи отворање на нови рудници, исплата на бенефиции на сите стари работници за додатоци за пензиите за старите рудари.

Москва има две опции, така да до 2023 год експлоатацијата на јаглен порасне на 485 мил Т (конзервативно) или на 669 мил Т (оптимистичко сценарио). Кина и Индија веќе го чекаат рускиот јаглен.

За жал во меѓувреме не сакајки да пишувам во ова предизборие се претходно е напишано пред повеќе од две недели. Сега ситуацијата е уште побезнадежна, нема ни јаглен а багерските единици се во крајно лоша состојба, повторно заглавени во вода и кал, до кога директоре и ти експерту по енергетика, премиерот на неговата Северна Македонија.

Само ние и во зелено и какво сакате сценарио немаме никаква алтернатива, Вие тргнавте од се ЌЕ направиме, до се ќе уништиме, ова второто ви е поповолно и проверено а за првото никогаш не Ве бидувало и нема да Ве биде за жал на македонскиот народ. На крајот експертот за енергетика премиерот на Македонија нека излезе и нека образложи што понатаму, нека презентира развој со и без алтернатива за енергенсите во Македонија.

Последното распишување на оглас за купување на јаглен, па нели Васко и Зоран ние ЌЕ извезувавме електрична енергија. Дали зделката е веќе договорена и со кого, за цената не сакам да зборувам ЌЕ кажете Вие се надевам сега, потоа сакале нејќеле ЌЕ си кажете и ЌЕ си лежите. По последните случувања со локалните избори работите уште повеќе ќе се усложнуваат, а за светските текови каде ние сме далеку од се, ЌЕ имаме уште поголеми проблеми за жал на македонскиот народ.

Битола, 19.10.2011 год м-р дипл.ел инж Спиро Мавровски