Просечните плати

Македонија последна, Словенија на врвот - ова се платите во регионот

Најниската исплатена просечна плата за мај годинава од целиот регион е во Македонија и изнесува 399,28 евра.

Просечната плата во Македонија се зголемила за 17,38 евра во однос на минатата година.

Во БиХ таа се зголемила за 12,46 евра.

Кога станува збор за Црна Гора, интересно е што просечната нето заработка во јуни оваа година во однос на еден месец порано забележала пад од 0,2 отсто, додека просечната нето заработка во јуни 2018 година во однос на истиот месец лани забележала раст од 0,2 отсто.

Исто така, интересно е што просечната исплатена плата во регионот во оваа во однос на крајот на минатата година најмногу се зголемила во Хрватска и тоа за 71,42 евра.

Просечната плата во Србија оваа година во однос на минатата се зголемила за 29,71 евра и во Словенија за 21,30 евра.

Само во Црна Гора не се променило нивото на просечната плата и се задржало на износот од 511 евра.

Во исто време, имајќи предвид дека потрошувачките цени во јуни 2018 година во однос на мај 2018 година се зголемија за 0,2 проценти, реалната нето-заработка во истиот период бележи пад од 0,4 проценти.

Извор: Бука

Поврзани

Најнови вести

Коментари