logo
logo
logo

Македонија последна по странски инвестиции во 2021 година

Vecer | 01.12.2021

Македонија последна по странски инвестиции во 2021 година

Во периодот јануари-септември 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 285,6 милиони евра, главно како резултат на реинвестираната добивка и сопственичкиот капитал (196,7 милиони евра и 113,2 милиони евра, соодветно), во услови на намалени нето-обврски врз основа на меѓукомпаниски долг (за 24,3 милион евра). Во првите шест месеци, според табелата на Conservative.mk што веќе наголемо се споделува по социјалните мрежи, странските инвестиции се 244 милиони евра (според НБМ изнесуваат 247 милиони), додека во истиот период, Косово бележи 277 милиони евра инвестиции, Албанија 463 милиони, а Србија 1,7 милијарди евра. Македонија беше на последно место според странските инвестиции и минатата година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk