logo
logo
logo

Лозарите порачаа: Да нема манипулации при откупот

Vecer | 12.09.2021

Лозарите порачаа: Да нема манипулации при откупот

Да нема манипулации со шеќерните единици кои се бараат при откупот на грозјето, јавно побара денеска Дане Јошев, претседател на регионалното ЗдружениеТиквешки лозароовоштари.

Оваа негова изјава следуваше откако синоќа неколкумина разочарани лозари го истурија своето грозје пред откупен пункт, во знак на револт, од, како што рекоа, манипулациите со кои се соочуваат при гроздоберот.

Јошев нагласи дека на терен, некои од откупувачите не ги почитуваат претходно неформално договорените цени за килограм грозје. Тој апелираше на зголемена инспекциска контрола на терен, со цел, како што додаде, да престанат малверзациите кон лозарите при откупот на нивното грозје.

Од винарницата „Тиквеш“ синоќа информираа дека биле доведена во ситуација привремено да го прекинат откупот на грозјето, иако е единствената винарница во земјава која оваа година дефинираше највисока цена, ја почитуваше договорената цена за откуп на вранецот и смедеревката, факт кој јавно го потврдија и актуелниот градоначалник на Кавадарци и претставникот на здружението на лозарите.

– Ваквиот прекин беше предизвикан од неколкумина поединци кои на крајно некоректен и насилнички начин го блокираа влезот на винарницата и со тоа им попречија на над 200 вистински лозари кои денеска беше планирано да го предадат своето грозје во „Тиквеш“. За да биде ситуацијата уште поапсурдна, поединците кои насилно и на највулгарен начин го блокираа влезот во винарницата и притоа нанесоа материјална штета, всушност се обиделе да манипулираат со квалитетот на грозјето кое имале намера да го предадат во „Тиквеш“, се додава во вчерашното соопштение

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk