Мајкрософт денеска објави дека ќе ја затвори локалната верзија на Линкдин во Кина, која е последната голема американска социјална мрежа што продолжи да работи во таа земја. Во соопштението на Мајкрософт се наведува дека Линкдин ќе биде затворен поради „значително тешкото деловно опкружување и зголемените барања за усогласеност со новите прописи во Кина“, пренесува CNBC.
Наместо тоа, американскиот џин во Кина ќе покрене веб сајт за вработување кој нема функција на социјална мрежа.
LinkedIn е воведен во Кина во 2014 година со ограничени функции, осмислен да биде во склад со строгите закони за интернет во таа земја.
Одлуката за укинување е донесена откако кинескиот интернет регулатор му наложи на LinkedIn во март подобро да ги модерира содржините за што на компанијата и беше даден рок од 30 дена, објави Wall Street Journal.
Новата платформана Microsoft, наречена InJobs, нема да вклучува социјални содржини ниту ќе овозможува корисниците да споделат објави или статии.
Според податоците на статиста, Кина е третиот најголем пазар на американката компанија. Microsoft го купи LinkedIn во 2016 година за 26,2 милијарди долари.