logo
logo
logo

Летечко такси во Милано во 2026 година

Vecer | 27.10.2021

Летечко такси во Милано во 2026 година

Милано заедно со Кортина ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2026 година, а летечките такси возила веќе треба да бидат подготвени за таа прилика.

Општина Милано потпиша договор со агенцијата која стопанисува со аеродромите Линате и Малпенса, но и со „Скајспортс“, компанија која дизајнира ваков вид транспорт и вертикални аеродроми – хелиодроми.

Ќе полетува исто како хеликоптер, вертикално, ќе биде на струја како Evtol (eVTOL) и ќе превезува од две до четири лица.

Ќе има и батерии благодарение на кои нема да има загадување на воздухот, што ќе придонесе за зачувување на животната средина.

Тие исто така треба да помогнат да се намали гужвата која е исклучително голема во Милано, а се очекува тие да бидат уште поголеми за време на Олимписките игри.

И додека Илон Маск ги подготвува своите роботи да превезуваат патници во американските градови без возачи, Hyundai одлучи да му обезбеди на Uber летечки такси кои треба да започнат со работа во Далас и Лос Анџелес во 2023 година.

Летечкото такси ќе се движи со брзина од околу 290 километри на час, на надморска височина од 300 и 600 метри.

Неодамна групацијата „Фиат – ФЦА“ најави дека ќе соработува во овие проекти.

Милано е најважниот италијански град по индустрија, бизнис и економија и со ова потврдува дека прави големи чекори кон иднината.

„Си“, компанијата која управува со аеродромите во Италија, најави почеток на соработка со „Скајспортс“ во изградбата на летечки такси.

[embed]https://youtu.be/mH1zk0KOFho[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk