Лавров: „Турски тек“ може да биде интересен за Западен Балкан

Русија е подготвена да ја снабдува Европската Унија со природен гас преку гасоводот „Турски тек“, но за тоа се неопходни гаранции од европските власти, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„За Западен Балкан може да биде интересен уште еден нов проект – „Турски тек“. Подготвени сме да соработуваме на тој проект и за тоа повеќепати сме зборувале. Ако ЕУ е заинтересирана за проток на гас до нејзинината територија преку овој гасовод, тогаш потребни се цврсти гаранции на Европската комисија и Европската Унија“ изјави Лавров.

Плановите на Русија во енергетската сфера на просторот на Западен Балкан, ќе бидат одредени со договори со земјите од тој регион. Лавров нагласи дека отсуството на мешање на надворешни влијанија е еден од главните услови за успех на таквата соработка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари