logo
logo
logo

Кризата е толку голема ШТО И МЕРЦЕДЕС Е ВО ПРОБЛЕМИ

Vecer | 01.02.2025

Кризата е толку голема ШТО И МЕРЦЕДЕС Е ВО ПРОБЛЕМИ

Мерцедес најавува отпуштање на десетици илјади вработени и реструктуирање за да се прилагоди на состојбата на пазарот.

По Фолксваге, кој претходно најави затворање на фабриките и отпуштање на повеќе од 30.000 работници, кризата во германската автомобилска индустрија ги погоди и другите големи производители. Така, Мерцедес наводно планира да отпушти околу 20.000 вработени.

Минатата година најавија дека ќе укинат 15.000 работни места до 2027 година, но познавачите на случувањата во компанијата тврдат дека бројот на отпуштања може да се зголеми на 20.000.

Со овие мерки се очекува да се заштедат пет милијарди евра, што треба да обезбеди стабилност и отпорност на компанијата на идни кризи, пишува магазинот Феникс.

Причините за ова намалување лежат во падот на бројот на нарачки и бавното прилагодување на промените на пазарот. Тоа се аргументи кои можеше да се слушнат и претходно.

Но, тоа не е се. Заедно со отпуштањата, компанијата планира да ги намали исплатите на бонусите. Слободните места поради отпуштања или пензионирање повеќе нема да се пополнуваат, а наводно се планира и продажба на одредени производствени капацитети.

Веќе се шпекулира за продажба на фабрика за возила за испорака во Аргентина, во која работат 2.000 луѓе.

Сите приходи, освен отпремнината, ќе бидат насочени кон развој на електрични автомобили и високи технологии во моторите со внатрешно согорување, но сакаат да се фокусираат на покривање на трошоците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk