Криптовалутите сеуште не ја изгубиле довербата

Биткоинот имаше вртоглав раст во 2017 година, но оваа година е прилично тивка за најпопуларната криптовалута, чија моментална вредност е околу 6300 долари (наспроти блиску до 20.000 долари колку што изнесуваше претходната година). И покрај тоа, "хаш стапката"- или степенот на вкупното ископување на криптовалути – се зголеми за 155% од почетокот на годината.

Според наводите на сајтот Cryptoslate, главната причина за зголемување на хаш – стапката е дека секоја блок награда од 12,5 биткоини е во вредност од околу 78.000 долари, па така крипторударите се и понатаму мотивирани да видат колку може да заработат на овој начин. Овие големи награди, сепак, нема да траат вечно. Се очекува наредно преполовување на вредноста на наградта да се случи на 25 мај 2020 година, а вредноста ќе се намали на 6,25 биткоини по блок, или околу 39.000 долари по тековни цени. Ова значи дека рударите моментално брзаат да направат колку што е можно повеќе биткоини.

Иако ентузијазмот околу биткоинот и другите криптовалути полека се намалува, екстремни оптимисти сеуште има. Инвеститорот Тим Драпер (кој инвестираше во Тесла, Skype и Hotmail) сугерираше дека биткоинот ќе вреди 250 000 долари до 2022 година. Џек Дорси, шеф на Твитер, еднаш сугерираше дека биткоинот би можел да стане единствена глобална валута за само 10 години.

Поврзани

Најнови вести

Коментари