logo
logo
logo

Костадинов: Зголемен повратот на ДДВ кон компаниите, раст на индустријата во декември

Vecer | 01.02.2021

Костадинов: Зголемен повратот на ДДВ кон компаниите, раст на индустријата во декември


Навремените и ефикасни економски мерки што ги презедоа Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев дадоа резултати во ублажување на последиците од корона-кризата врз економијата. Ова го истакна портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов, на прес-конференција.

„И покрај тоа што 2020 беше година на економска и здравствена криза, во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите. За цела 2020 година извршен е поврат на речиси 34 % од наплатениот бруто-данок на додадена вредност. За споредба, во 2019 година извршен е поврат од 32 %, во 2018 од 31 %, во 2017 од 28 %, а во 2016 година 26 %. Уште еден охрабрувачки податок е растот на индустриското производство во декември 2020 година. Според официјалните податоци, индустриското производство во декември е зголемено 2,5 отсто и е прв месец од почетокот на пандемијата во кој индустријата бележи раст“, рече Костадинов.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=KnrKl4bgX1Q[/embed]

Како што посочи, СДСМ ќе продолжи со сериозни и ефикасни економски политики, што ќе овозможат рестарт на економијата и враќање на стапките на раст пред корона-кризата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk