logo
logo
logo

Контроверзна проценка: Газпром најави вртоглав раст на цените на гасот

Vecer | 16.08.2022

Контроверзна проценка: Газпром најави вртоглав раст на цените на гасот

Руски Газпром го претстави својот деловен извештај за првите седум и пол месеци од 2022 година. Во извештајот се наведува и „контроверзна проценка“ дека цената на гасот во Европа ќе надмине 4.000 долари за 1.000 кубни метри оваа зима.

Како што пишува Kommersant, извозот во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД), односно сојузот на поранешните советски републики, изнесува 78,5 милијарди кубни метри, што значи намалување за 36,2%. Истовремено расте извозот на руски гас во Кина.

Според прелиминарните податоци, производството на Газпром, во периодот од 1 јануари до 15 август, паднало за 13,2 отсто во однос на минатата година. Побарувачката за гас што го произведува Газпром на домашниот пазар е намалена за 2,3 отсто.

Во Европа цената на гасот почна да расте на крајот на јули и надмина 2.000 долари за 1.000 кубни метри. Комерсант пишува дека причина за тоа е намалувањето на снабдувањето на „Северен тек“ од страна на Газпром.

На 15 август цената на гасот во Европа се искачи на рекордни 2.500 долари за илјада кубни метри, надминувајќи ги вредностите од почетокот на март. Гасот е се поскап поради топлината и сушата, која што го отежнува транспортот на јаглен по река. Покрај тоа, испораките на гас од Норвешка се намалија поради поправки во производните капацитети.

Фото илустрација: принтскрин

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk