logo
logo
logo

ВИДЕО

„Конектинг Јуроп Експрестрејн” стигна во Белград - Србија планира железнички проекти вредни над шест милијарди евра

Vecer | 13.09.2021

„Конектинг Јуроп Експрестрејн” стигна во Белград - Србија планира железнички проекти вредни над шест милијарди евра

Железничкиот самит во Белград „Западнобалкански железнички самит 2021” започна со пристигнувањето на возот „Конектинг Јуроп Експрестрејн”  на железничката станица Прокоп во Белград.

[embed]https://youtu.be/JBca6hHxeL8[/embed]

Самитот го отвори српската премиерка Ана Брнабиќ, која ги поздрави партнерите од ЕК, од Транспортната заедница, како и претставниците на ЕИБ и ЕБРД , кои, како што рече, „ни помагаат на патот целосно да ги реконструираме и унапредиме нашите железници, кој е амбициозен и полн со прердизвици“.

Таа потсети дека 2021. е година на железницата во ЕУ, но и година на железницата во Србија, како и година на Зелената агенда.

-Овие две цели одат рака под рака, железничкиот сообраќај покрај водниот сообраќај е најзелениот вид транспот, рекла Брнабиќ, пренесе Танјуг.

Во својот говор премиерката истакна дека Србија од 2014 година во реконструкција и модернизација на пругите и набавка на возови вложила над 600 милиони евра, а дека се планирани проекти од над шест милијарди евра.

[embed]https://youtu.be/RlcmnLxXQH0[/embed]

На самитот ќе се обратат државни, регионални и европски официјални лица од областа на железничкиот сообраќај, а учествува и македонскиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски.

[embed]https://youtu.be/bUgAgRKkE3c[/embed]

Во рамките на самитот предвидено е потпишување декларација со која меѓу другото министрите од регионот ќе се заложат за враќање на експресните возови меѓу главните градови во Западен Балкан и Европската унија до крајот на 2025 година.

Самитот го организираат Транспортната заедница, ЕИБ и ЕБРД, а домаќин е Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура.

[embed]https://youtu.be/VI9wjmgiOAw[/embed]

Денеска, меѓународниот воз го продолжува своето патување од Белград преку Прешево и Табановаце до Северна Македонија и Грција.

„Конектинг Јуроп експрес“ тргна од Лисабон на 2 септември, а последната станица на 7 октомври е Париз. Овој проект го спроведува Асоцијацијата на европски компании за железници и инфраструктура (ЦЕР).

На патувањето од околу 20 000 километри, овој воз ќе посети повеќе од 100 европски градови.

[embed]https://youtu.be/dHeIzm9cGPg[/embed]

За време на своето патување, „Конектинг Јуроп експрес“ поминува низ Шпанија, Јужна Франција, Италија, а потоа го продолжува своето патување низ Австрија, Словачка, Унгарија и Хрватска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk