logo
logo
logo

КОНЕЧНО ПАЃААТ ЦЕНИТЕ: Бензините поевтини за пола денар

Vecer | 12.04.2021

КОНЕЧНО ПАЃААТ ЦЕНИТЕ: Бензините поевтини за пола денар

Малопродажните цени на бензините се намалува за 0,50 денар/литар, а дизелот останува со иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,76 %. Од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 67 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 за 69 денари/литар. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува на 58 денари/литар.

За половина денар се намалува и цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и ќе се продава по 57,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и сега ќе изнесува 34,266 ден/кг.

-Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 1,044%, кај дизелот за 0,121%, кај екстра лесното масло за 0,031 % и кај мазутот намалувањето е за 1,2 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,678%, посочуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk