Коморите од регионот во платформа за тимска соработка со Франција

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и претседателот на претставништвото на Француската стопанска комора во Србија (CCI France Serbiе), Драгољуб Дамјановиќ потпишаа договор за воспоставување стратешко партнерство со цел на француските компании заинтересирани за инвестирање на Балканот да им се отвори поголем пазар, понуда на услуги и да се воспостави една единствена регионална мрежа – Тим Франција – Балкан.

Во таа насока отпочнува со работа платформата за зголемување на инвестициите на француски компании во регионот, како и редовна размена на информации за прашања од интерес особено секторите кои имаат потенцијал.  На официјализирањето на соработката покрај претставници од Сојузот на стопанските комори присуствуваше и генералниот директор на Француската стопанска комора во Србија, Сања Иваниќ како и амбасадорот на Франција во Република Македонија Н.Е Кристиан Тимоние кој ја истакна својата поддшка на иницијативата.

„Билатералните комори ќе го зголемат интересот на Француските компаниии настапувајќи како целина и пристап до пазар од над 20 милиони жители. Ова е прв чекор, кој има за цел да ја зголеми трговската размена меѓу Франција и земјите од регионот. Во таа насока Сојузот, како претставник на бизнис заедницата во Македонија, заедно со останатите комори од регионот заеднички ќе делуваат за поддршка на зголемувањето на соработката со француските компании. Соработката меѓу релевантните организации од регионот, исто така, ќе има ефект да ги поттикнува компаниите да инвестираат и да добијат прецизни информаци, како и услуги за развој и проширување на својот бизнис. Сојуз на стопански комори на Македонија ќе придонесе кон градење на трговски партнерства помеѓу Франција и Македонија“, изјави Арсовска и додаде дека целта е  да се постигне поефикасно вклучување на бизнис заедницата од регионот во заеднички проекти, заедничко здружување и соработка со Франција.

Претседателот на Француската стопанска комора Дамјановиќ на средбата ги истакна заложбите за зајакнување на меѓусебното партнерство и иницијатива за заеднички настап на балканскиот пазар. Тој додаде дека целта е привлекување на француските инвеститори како и понуда на квалитетна услуга за сите компании кои сакаат да пристапат на балканскиот пазар.

Во 2017 година Франција е 23.трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари