Колку туристи ја посетиле Македонија во мај?

Македонците за време на мајските празници Денот на трудот, „Св.Кирил и Методиј" и Рамазан Бајрам и викендите во истиот месец помалку ги поминале како туристи во Македонија во однос на истиот месец лани.

За 4,8 насто помалку ноќевања од страна на македонските граѓани во однос на истиоот месец лани се евидентирани во турситичките места како Охрид, Дојран, Берово или Маврово.

Истовремено, бројот на ноќевањата на странските туристи во македонските туристички места е зголемен за 12.4 %.во однос на минатогодишниот мај.

Оваа година, за разлика од ланскиот мај, имаше дури два продолжени викенди, додека во 2017-та продолжен беше само првомајскиот.

Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 19.0 %.

Поврзани

Најнови вести

Коментари