logo
logo
logo

Колку ТРОШАТ АВТОМОБИЛИТЕ ПОВЕЌЕ ГОРИВО НА ЛАДНО - и зошто

Vecer | 07.02.2023

Колку ТРОШАТ АВТОМОБИЛИТЕ ПОВЕЌЕ ГОРИВО НА ЛАДНО - и зошто

Во просек, на температура од минус 7 степени, автомобилот троши и до 12 отсто повеќе отколку во пролет или лето на 25 степени.

Возењето на кратки растојанија во зима не е економично бидејќи тогаш автомобилот троши најмногу гориво, односно моторот не се загрева..

Постојат неколку причини за ова:

На моторот му треба малку време за да ја достигне оптималната температура кога работи најефикасно.

Ладното време го намалува притисокот во гумите, што може да го зголеми отпорот на тркалање и потрошувачката на гориво (периодично проверувајте го притисокот во гумите).

Ладниот надворешен воздух е погуст од топлиот, така што отпорот при возење и потрошувачката на гориво се зголемуваат.

Во услови кога има снег и мраз на патот, погонските тркала се лизгаат повеќе, што исто така ја зголемува потрошувачката на гориво.

Побавното возење до 60 km/h (поради зимски услови на патот) има негативен ефект врз потрошувачката на гориво.

Совет е, кога ќе ја стартувате колата, почнете да возите што е можно поскоро, бидејќи моторот побрзо ќе се загрее.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk