logo
logo
logo

Колку се ИСПЛАЌААТ ЛЕШНИЦИТЕ? Турција заработи 2,26 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Vecer | 13.01.2022

Колку се ИСПЛАЌААТ ЛЕШНИЦИТЕ? Турција заработи 2,26 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Турција е еден од најголемите светски извозници на лешници.

Минатата година земјата забележа извоз од речиси 344.370 тони, со што се генерира приход од 2,26 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на Црноморската асоцијација на извозници на јаткасти плодови, Турција минатата сезона извезла 344.370 тони лешници. Лешниците се извезени во 122 земји во светот, од кои Турција собрала 2,26 милијарди долари.

Ова е значително зголемување во однос на годината пред, 2020 година, во која Турција извезла лешници од нешто повеќе од 280.000 тони и заработила 1,94 милијарди долари.

Германија традиционално е еден од најголемите купувачи на турски лешници. Минатата сезона оваа земја од Турција увезла 82.646 тони или 536,3 милиони долари.

Германија е меѓу најголемите купувачи на турски лешници, потоа Италија со увоз вреден 497,5 милиони долари и Франција со 163,5 милиони долари.

Еден од пазарите што покажал најголем развој на турскиот извоз на лешник во последните години е Кина. Во оваа земја лани биле продадени 11.054 тони лешник, а приходот бил 79,5 милиони долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk