Германските власти од 16 септември го замрзнаа рускиот имот во вредност од 4,88 милијарди евра.

– Од 16 септември имотот вреден најмалку 4,88 милијарди евра во Германија е блокиран со санкциите на ЕУ – наведува Шпигел, повикувајќи се на документ на германското Министерство за економија и заштита на климата.

Од крајот на февруари земјите од ЕУ веќе воведоа неколку пакети санкции против Русија поради ситуацијата во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека политиката на задржување и слабеење на Русија е долгорочна стратегија на Западот, а санкциите и нанесоа сериозен удар на целата светска економија.

Според него, главната цел на Западот е да ги влоши животите на милиони луѓе. Еврокомесарот Рејндерс на почетокот на јули објави дека Европската унија замрзнала 13,8 милијарди евра имот на руски бизнисмени и компании и изрази надеж дека процесот ќе биде „активиран“.