logo
logo
logo

Ко-основачот и извршен директор на Твитер си поднесе ОСТАВКА

Vecer | 29.11.2021

Ко-основачот и извршен директор на Твитер си поднесе ОСТАВКА

Џек Дорси, кој е ко-основач и извршен директор на Твитер од основањето на популарната мрежа во 2006 година, се повлекува, објави CNBC.

По оваа вест, акциите на компанијата скокнаа за 11 отсто. Засега нема официјални потврди, но се очекува Дорси да поднесе оставка.

Дорси веќе извесно време беше под притисок на медиумите и други страни да престане да биде извршен директор на компанијата, а во текот на 2020 година тоа беше избегнато откако беше постигнат договор со раководството на акционерите.

Џек Дорси е и извршен директор на Square, компанија за дигитално плаќање.

Твитер не ги коментираше наводите за заминувањето на Џек Дорси од позицијата извршен директор на компанијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk