Ќе се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити

На својата редовна, 102-ра седница Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

Целта на предлог–законот е да се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити. Со тоа, корисниците на кредити нема да плаќаат прекумерни трошоци и ќе се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на корисниците на кредит коишто имаат проблеми со отплата на истиот, информира Владата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари