logo
logo
logo

Ќе се обезбедуваат финансии за изградба на останатиот дел од автопатот Скопје-Блаце

Vecer | 17.05.2022

Ќе се обезбедуваат финансии за изградба на останатиот дел од автопатот Скопје-Блаце

Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за гаранција на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот за автопат од Скопје до границата со Косово кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта. – Целта на овој Предлог-закон за гаранција е да се обезбеди финансиската поддршка за проектот, односно изградба на втората подделница која се однесува на останатиот дел од автопатот Блаце – Скопје, во должина од околу 10.5км со што, значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, ќе се подобри безбедноста на патот и ќе се скрати времето на патување, ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво, информира попладнево владината прес-служба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk