logo
logo
logo

ЌЕ ПЛАТАТ КАЗНА ОТИ ГИ ЛАЖЕЛЕ ПАТНИЦИТЕ: Угарија го казни Рајанер

Vecer | 09.08.2022

ЌЕ ПЛАТАТ КАЗНА ОТИ ГИ ЛАЖЕЛЕ ПАТНИЦИТЕ: Угарија го казни Рајанер

Унгарската агенција за заштита на потрошувачите ја казни нискобуџетната авиокомпанија Ryanair со 300 милиони форинти (765.000 евра) за „залажување на клиентите со своите нефер деловни практики“, објави министерката за правда Џудит Варга на Фејсбук.

Надлежниот орган покрена постапка против оваа авиокомпанија на 10 јуни поради сомневање дека на клиентите им префрлала дополнителни трошоци за данок на добивка, изјави министерката и додаде дека нејзиното министерство го следело процесот.

Варга го повтори претходното ветување на владата „да го заштити унгарскиот народ“ и да иницира постапки за заштита на потрошувачите секогаш кога некоја компанија се обидува да го префрли своето даночно оптоварување на дополнителниот профит на потрошувачите.

„Инфлацијата и воените економски услови бараат мултинационалните компании кои заработуваат прекумерни профити да придонесат во финансирањето на програмите за ограничување на цените на комуналните услуги и националната одбрана“, напиша Варга.

Ројтерс објави дека Рајанер најави жалба против, како што вели, „неоснованата“ парична казна од унгарската агенција за заштита на потрошувачите.

„Рајанер... веднаш ќе поднесе жалба против секоја неоправдана казна од страна на унгарската агенција за заштита на потрошувачите. Рајанер сè уште не добил известување за казната. Доколку е потребно, Рајанер ќе поднесе жалба до судовите на ЕУ“, соопшти авиокомпанијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk