logo
logo
logo

ЌЕ НЕМА ВЕЌЕ МОЦАРТ? Компанијата која го произведува заминува во стечај

Vecer | 30.11.2021

ЌЕ НЕМА ВЕЌЕ МОЦАРТ? Компанијата која го произведува заминува во стечај

Компанијата „Салцбург чоколади“ од Гредиг, позната по производството на слатките Моцарт, поднесе барање за стечај до провинцискиот суд во Салцбург.

Поради овој неочекуван крах, синдикатите заедно со работничкиот совет и раководството планираат да разговараат за состојбата и да ги информираат вработените.

Иако компанијата бележеше профит во изминатите години, минатата година пандемијата силно ја погоди, напиша директорот Кристијан Шигерл.

Поради значително намалениот број на туристи, настани и прослави, забележан е пад на продажбата на чоколадни производи, а исто така и Моцарт топките.

Падот на прометот од лани можеше само делумно да се компензира во новата деловна година, а покрај новите клиенти во извозот и државната корона помош и годинава, ќе се забележи огромна загуба поради минатото.

„Сегашното заклучување и значителното зголемување на цените на суровините, енергијата, платите, трошоците за логистика, материјалите за пакување се дополнителни причини“, додаде Шигерл, додавајќи дека на вработените не може да им се исплаќаат ноемвриските плати, како и божиќниот бонус.

Инаку, оваа компанија ги произведува „Chocolate Bobby“, „Maria Theresa Thaler“ и „Salzburg Confishers“.

Компанијата е основана во 1897 година под името „Реисигл фабрика за слатки“ во градот Салцбург, а во 1956 година е преместена во Гредиг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk