logo
logo
logo

Ќе имаме ли рестрикции зимава? ЕЛЕМ И МЕПСО со спротивни ставови

Vecer | 26.10.2021

Ќе имаме ли рестрикции зимава? ЕЛЕМ И МЕПСО со спротивни ставови

Најголемата дилема што ги мачи граѓаните на Република Македонија е дали ќе има рестрикции или ќе се зголемат цените на струјата. За ова прашање двете државни енергетски компании имаат спротивни ставови. Се ставаат во погон сите државни капацитети за производство на струја, но дали ќе има доволно јаглен и мазут за да работат долгорочно.

Од денеска во погон се става уште едне блок од РЕК, на средината на ноември со работа ќе почне и Осломеј. Во функција ќе се стави и ХЕЦ Маврово, а ако има потреба ќе се увезе мазут за да се активира и ТЕЦ Неготино. Овој пат се надеваат дека ќе биде успешен и тендерот за јаглен и ќе се набави потребната количина за третиот блок во РЕК.

За разлика од Ковачевски првиот човек на Мепсо и денеска стои на ставот дека состојбата со струјата е тешка. За да се покријат домашните недостатоци се влече струја од европската мрежа поради што од Мепсо побараа државна помош. Но, наместо тоа, од Владата велат, трошоците ќе ги сносат потрошувачите кои правеле дисбаланс. А ако е потребно да се носат мерки за справување со кризата тоа ќе биде по изборите.

- Додека трае изборниот период Владата не може да носи мерки со кои е предвидено финансиски зафаќања од Буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, ќе бидат донесени после изборите, во секој случај ќе им биде излезено во пресрет на енергетските компании со цел одржување на сигурноста со снабдување во идниот период, се вели во дописот од Владата.

Поради големите количини кои земјава ги користи од европската мрежа, Македонија се соочи со 4 опомени. Струјата на берзите и натаму не паѓа под 200 евра за мегават. Очекувањата се дека состојбата ќе се стабилизра дури следната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk