Трошоците за живот во Европа варираат многу од место до место - во некои градови можете да потрошите половина месечна плата на вечера, додека во други шише пиво ќе ве чини помалку од евро.
Сепак, киријата обично е прилично добар показател за тоа колку е скап еден град, а новото истражување открива кои дестинации во Европа имаат најголеми трошоци. Ова го направи Лондон најскапото место за изнајмување во Европа.
Врз основа на податоците на Euronews и Rightmove, просечната кирија во Лондон порасна на неверојатни 3.220 евра месечно – 2,5 отсто повеќе од минатата година.
На второ место е Амстердам, каде, според Статиста, месечната кирија за еднособен наместен стан чини 2.275 евра.
Холандските градови се истакнати на оваа листа, а меѓу првите 10 се Ротердам, Хаг и Утрехт.
Најскапите градови за изнајмување во Европа:
Лондон: 3.220 евра
Амстердам: 2.275 евра
Рим: 2.000 евра
Париз: 1.862 евра
Ротердам: 1.795 евра
Хаг: 1.790 евра
Минхен: 1.770 евра
Утрехт: 1.746 евра
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата