logo
logo
logo

Кина рај за инвеститорите: ГРАДЕЖНИ ЧУДА НА КОИ ИМ СЕ ВОСХИТУВА СВЕТОТ (ФОТО)

Vecer | 23.01.2023

Кина рај за инвеститорите: ГРАДЕЖНИ ЧУДА НА КОИ ИМ СЕ ВОСХИТУВА СВЕТОТ (ФОТО)

Германската индустриска мултинационална „Thyssenkrupp“ изгради неверојатен солитер во Кина, во областа Гуангжу, пред неколку години.

Неговата намена е специфична: висок е 248 метри и е направен за тестирање на брзи лифтови без јажиња.

И токму кога ќе помислиме дека „нема понатаму“, оваа азиска велесила не изненадува со своите импресивни градби. Она што е особено важно е дека тие не се само естетски спектакуларни, туку и функционални.

Така, во 2018 година, глобалниот производител од Германија забележа уште една голема пресвртница во својата иновативна амбиција, за време на церемонијата на отворање на својата фабрика. Лансирањето го означи континуираното инвестирање и развој на компанијата во Кина, по отворањето на повеќенаменската зграда Thyssenkrupp во Шангај во 2016 година.

Оваа кула е една од највисоките тест кули во светот и е симбол на силата на германската компанија во истражување и развој и лидерство во иновациите во лифтовите.

Тоа е тема за која, треба да се каже, помалку се зборува, но не е занемарлива. Вкупната инвестиција за таа фабрика и кула била околу 103 милиони евра.

Покрај тоа, никна и највисокиот кружен стаклен мост во Кина, кој исто така се наоѓа во областа Гуангжу.

Оваа неверојатна туристичка атракција, направена од челик, го има најголемото парче стакло во светот, меѓу другите инженерски подвизи кои соборуваат рекорди. Во последната деценија, Кина се здоби со репутација дека се осмели да го создаде токму тоа - туристички атракции, згради на кои се восхитува целиот свет.

Најновиот таков структурен подвиг е Huangtengxia Tianmen Sky Walk во јужната кинеска провинција - платформа поставена на три потпорни челични столбови, што нуди феноменален панорамски поглед.

Челичните и бетонските столбови поддржуваат стаклена набљудувачка палуба висока 900 метри, а димензиите на мостот го прават светски рекордер, барем засега.

Се смета за најдолгиот и највисокиот едноколонен стаклен коридор во светот, со најголемиот кружен водопад во светот, а е дело на државната компанија „CMCU Engineering Corporation“, основана во 1964 година.

Стаклениот мост може да издржи тежина од речиси 400 тони, што е еквивалентно на тежината на околу 4.000 луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk