logo
logo
logo

Кам-бек на „ТВИНГОВЦИТЕ“: Сезоната стартува викендов на „Hungaroring FIA CEZ“

Vecer | 13.04.2021

Кам-бек на „ТВИНГОВЦИТЕ“: Сезоната стартува викендов на „Hungaroring FIA CEZ“


AKK Рено Спорт ги носи 9-те млади надежни македонски тркачи на FIA CEZ натпревари во Европа

Twingo Cup се враќа по пауза од една година поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 и тоа на повисоко натпреварувачко ниво FIA CEZ (FIA Central European Zone).

Новата сезона ја стартуваме овој викенд со закажани две трки на 17.04.2021 год. (сабота) во Унгарија на легендарната патека „Hungaroring“. Тоа ќе биде меѓународен предизвик за македонските автомобилисти, кои ќе настапат на TWINGO EUROCUP 2021 POWERED BY GLASO.

Нашите натпреварувачи се: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Слободан Трајковски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

На „Hungaroring“ во сабота „силите ќе се мерат” со останати 19 други натпреварувачи од Словенија, Србија и Унгарија.

За време на тренинзите и трката ќе бидат испочитувани сите протоколи за заштита од Ковид 19.

Оваа втора сезона покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во: Серес – Грција (Јуни), Гробник – Хрватска (Јули), Словакиаринг – Словачка (Август), Red bull Ring – Австрија (Септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.

(ПР текст)


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk