logo
logo
logo

Како се стопи богатството на најбогатиот Германец: ИМПЕРИЈА КОЈА ТОНЕ ОД ДЕН НА ДЕН

Vecer | 08.05.2021

Како се стопи богатството на најбогатиот Германец: ИМПЕРИЈА КОЈА ТОНЕ ОД ДЕН НА ДЕН

Изминатиов период, особено откако започна кризата со коронавирусот, кој влијаеше и на автомобилската индустрија, Континентал АГ повторно се појави во центарот на вниманието на јавноста. Тоа е добро познат производител на делови за автомобили.

На почетокот на 2018 година, Џорџ Шефлер стана најбогатата личност во Германија затоа што пораснаа акциите на компанијата во која тој и неговата мајка Марија Елизабет Шефлер Туман имаат мнозински удел. Во тоа време, нивното комбинирано богатство беше 35 милијарди долари.

Тие сега имаат само една четвртина од таа сума, односно 11, 2 милијарди долари. Ова делумно е последица на пандемијата, која значително ја намали продажбата на автомобили, но и поширокиот тренд на преминување кон електрични автомобили.

Шефлер ја заврши секоја од последните две години со помалку пари отколку што започна и од првото место се најде на девето.

Иако тие сè уште се богати, падот на богатството на Шефлер, кој е еден од најголемите милијардери во светот, укажува на забавување на глобалното производство на возила.

Огромни загуби

Џорџ и Марија-Елизабет исто така ја контролираат Шефлер А, кој се соочи со слични проблеми како Континентал. Акциите во двете компании лани паднаа за повеќе од една петтина.

Други семејства поврзани со автомобилската индустрија исто така трпат загуби. Сузан Клатен и Стефан Квант, најголемите акционери на производителот на автомобили БМВ и претседателот на групацијата Хјундаи, Чунг Монг-Ку, доживеаја пад на богатството за 10 проценти.

Континентал ги објави плановите за темелни реформи минатата година за зголемување на профитот. Фирмата тогаш во март објави дека ќе истражува дополнително намалување на трошоците и потенцијално затворање на погоните, а подоцна соопшти дека ќе ги намали исплатите на дивидендата за да заштеди околу 350 милиони евра.

Во меѓувреме, Шефлер разгледува нова програма за намалување на трошоците.

Почнаа со дрвени колички

Таткото и чичкото на Џорџ го основаа Шефлер во 1946 година, тогаш наречен INA-Holding Schaeffler KG, за да прават дрвени колички. Фирмата се прошири во 1949 година откако таткото на Џорџ разви метод за производство на сигурносни клучни компоненти.

До раните 90-ти, Шефлер имаше повеќе од 20.000 работници на три континенти. Кога неговиот татко почина во 1996 година, Џорџ Шефлер наследи 80% од компанијата додека неговата мајка го наследи остатокот. Сега тие имаат 232.000 работници, но се соочуват со криза која може да значи големо намалување на оваа бројка.  Инаку тие ја презедоа контролата врз Континентал во 2008 година

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk