logo
logo
logo

Како се губат 10 МИЛИЈАРДИ ЗА ЕДЕН ДЕН и пак да се остане НАЈБОГАТ

Vecer | 24.05.2023

Како се губат 10 МИЛИЈАРДИ ЗА ЕДЕН ДЕН и пак да се остане НАЈБОГАТ

Најбогатиот човек на светот, сопственикот на францускиот производител на луксузни стоки LVMH Бернар Арно, изгубил 10,39 милијарди евра за еден ден.

Според Bloomberg, Арно ја загуби оваа сума во вторникот по значителниот пад на цените на акциите.

Берзите во САД бележат пад, а загуби особено бележи секторот на луксузни производи. Акциите на компанијата Луј Витон паднаа за 5,0 отсто, на компанијата Ерме за 6,54 отсто, а на компанијата Керинг, сопственик на Гучи, за 2,97 отсто.

Според Bloomberg, пазарите се загрижени поради несигурната побарувачка за луксузни стоки во САД. Бернард Арно и понатаму е најбогатиот човек на светот, а индексот на милијардери на Блумберг (ББИ) го проценува неговото богатство на 178,12 милијарди евра.

Разликата меѓу Арно и вториот најбогат човек на светот, шефот на Тесла и Твитер Илон Маск, се намали на 11,13 милијарди евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk