logo
logo
logo

Како изгледа НОВАТА МАПА НА РУСКИТЕ ЕНЕРГЕНСИ: Каде и колку се продава

Vecer | 03.05.2023

Како изгледа НОВАТА МАПА НА РУСКИТЕ ЕНЕРГЕНСИ: Каде и колку се продава

Оваа година Русија ќе пренасочи повеќе од 60 отсто од извозот на нафта и нафтени деривати од ЕУ во Азија, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.

„Од 220 милиони тони сурови и рафинирани производи кои претходно беа наменети за ЕУ, Русија ќе преориентира 140 милиони тони во Азија“, рече Новак.

Тој додаде дека на Запад ќе останат околу 80-90 милиони тони производи.

Русија ги пренасочи своите испораки на нафта како одговор на западните санкции, откако ЕУ престана да прифаќа нафта од таа земја што се транспортира по морски пат, пренесува Капитал.

Во декември, ЕУ, Групата седум (Г7) и сојузничките земји воведоа ембарго и ограничување на цената од 60 долари за барел за руската нафта. Слични ограничувања беа воведени и во февруари за извоз на нафтени деривати. На почетокот на годинава Новак објави дека извозот на руска нафта во 2022 година е зголемен за 7,6 отсто на 242 милиони тони, а производството на сурова нафта достигна 535,2 милиони тони, што е два проценти повеќе од претходната година.

Русија го зголеми транспортот преку своето големо пристаниште Козмино на Далечниот Исток, за да го пренасочи снабдувањето со енергија кон „пријателските земји“. Како резултат на тоа, испораките во земјите од азиско-пацифичкиот регион се зголемија на 42 милиони тони годишно.

Податоците на руската федерална царинска служба покажуваат дека извозот на сурова нафта и нафтени деривати во 2022 година е зголемен за 42,8 отсто во однос на претходната година и изнесува 383,7 милијарди долари.

Новак изјави дека обемот на испораки на нафта само во Индија се зголемил за 22 пати во 2022 година.

Русија, исто така, беше најголемиот снабдувач на нафта за Кина во првите два месеци од 2023 година, со обемот на испораки во јануари и февруари повисок за 23,8 отсто на годишна основа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk