logo
logo
logo

Кафе само 40 дeнари - Кој е најевтиниот град во Европа?

Vecer | 21.09.2021

Кафе само 40 дeнари - Кој е најевтиниот град во Европа?

Тирана ретко се наоѓа на врвот на листата со желби на светските патници. Сепак, новото истражување покажува дека главниот град на Албанија им дава најмногу на гостите од Обединетото кралство за нивни пари.

Post Office Travel Money ги спореди типичните трошоци за викенд патување во 40 различни градови во Европа, што вклучува две ноќевања во хотел со три ѕвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, разгледување на градот и слични активности.

Барометарот на градските трошоци покажа дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани градови - во просек по 9.500 денари. Само 40 денари треба да се одвојат за кафе, и само 4.500 денари за две ноќи.

На второто место на листата на најповолни европски градови се Катовице на југот на Полска, а на трето место е главниот град на Литванија - Вилнус.

Главниот град на Хрватска е исто така во првите 10 најповолни градови за викенд одмор - на седмо место. Post Office Travel Money пресмета дека ви требаат 15.000 денари во Загреб за викенд.

Оваа година, Осло се покажа како најскап град во Европа за викенд, бидејќи ви требаат 30.000 денари за викенд. Во просек ќе плаќате 500 денари за пиво во главниот град на Норвешка, и 11.000 денари за две ноќевања во хотел со три ѕвезди.

Најприфатливите европски градови во 2021 година според Барометарот за трошоци за градот:

1. Тирана, Албанија (вкупна цена 9.500 динари)

2. Катовице, Полска (вкупна цена 11.500 динари)

3. Вилнус, Литванија (вкупна цена 12.000 динари)

4. Лисабон, Португалија (вкупна цена 12.500 динари)

5. Рига, Латвија (вкупна цена 13.800 динари)

6. Варшава, Полска (вкупна цена 13.600 динари)

7. Загреб, Хрватска (вкупна цена 14.500 динари)

8. Будимпешта, Унгарија (вкупна цена 15.000 динари)

9. Братислава, Словачка (вкупна цена 15.300 динари)

10. Краков, Полска (вкупна цена 16.000 динари)

На

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk