logo
logo
logo

К-15 ќе има, АМА НЕ ЗА СИТЕ АДМИНИСТРАТИВЦИ!

Vecer | 09.06.2021

К-15 ќе има, АМА НЕ ЗА СИТЕ АДМИНИСТРАТИВЦИ!

Иако од лани во март до пред неколку недели поголем дел од администрацијата не одеа на работа поради мерките за заштита од пандемијата, сега ќе добијат најмалку по 9.000 денари К-15 годинава. Од гранскиот синдикат УПОЗ информираат дека тоа е минималната сума што им следува на вработените со Гранскиот колективен договор, а оние кои имаат и колективен договор на ниво на работодавец, според предвиденото во него, ќе добијат и повеќе.

За оваа намена ќе се потрошат 4 милиони евра, а од владата велат дека ова било ветено уште за лани, но поради кризата имало одложување. Од синдикатот пак велат дека овие пари нема да ги добијат сите во јавниот сектор, туку само оние кои се опфатени со гранскиот колективен договор:

„Во гранскиот колективен договор се опфатени органите на државната управа, стручните служби на владата, судовите, јавните обвинителства, казнено поправните и воспитно поправните установи, државното правобранителство, Градот Скопје и општините во градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието. Ова се органите кои ќе добијат регрес за годишен одмор и не станува збор за цел јавен сектор туку само за дел од нив. Конкретно, околу 27 илјади вработени за кои ние во синдикатот на УПОЗ постигнавме договор на ниво на гранка со Владата. Тоа беа долги и мачни преговори, но сепак завршија со успех“, вели за Дојче веле Пецо Грујоски престедател на синдикатот на УПОЗ кој е дел од Сојузот на синдикати на Македонија.

За разлика од вработените во јавната администрација, кои правото на регрес го имаат од лани, вработените во приватниот сектор тоа право го добија со Општиот колективен договор за стопанството во 2014 година.

Според Заев, јавната администрација сега брои 132 илјади лица, за разлика од пред четири-пет години кога биле 160 илјади. Со задолжителното пензионирање на 64 години што Собранието треба да го озакони, се очекува бројот на административците дополнително да се намали.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk