Јункер: Да се зацврсти улогата на еврото како валута на глобално ниво

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска во обраќање пред Европскиот парламент побара да се зацврсти улогата на еврото како валута на глобално ниво.

Тој ги повика земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент да „направат повеќе за еврото да ја одигра својата улога".

– Неверојатно е Европа да ја плаќа својата енергетска фактура во американски долари, кога само два проценти од нашиот енергетски увоз доаѓа од САД, смешно е САД да купуваат европски авиони во долари, сето тоа мора да се смени, порача Јункер.

Тој најави дека Европската комисија ќе поднесе предлози европската валута да стане „активниот инструмент на европскиот суверенитет", но за тоа да се реализира ЕУ мора прво да си ја „среди куќата", односно да ја продлабочи економската и монетарната унија.

– Во спротивно нема да имаме кредибилни аргументи. Мораме да ја довршиме економската и монетарната унија за еврото да стане посилно, изјави Јункер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари