Јакните за баварската полиција се произведуваат во Македонија

Јакните за баварската полиција во Баварија се произведуваат во Македонија, а исто така и без малку се останато од облеката за безбедносните сили за оваа богата покраина доаѓа надвор од Германија, пишува Билд.

Еден комплет со се што му е потребно за изгледот на еден баварски полицаец чини 1.000 евра.

Повеќенаменските јакни се произведуваат во Македонија, но има други видови на конфекција и „Модни додатоци" кои се доставуваат од девет други земји. Така чорапите доаѓаат од Турција, блузите од Белорусија, кошулите од Индонезија, капите и репрезентативните униформи од Украина, дуксерите во Романија, значките во Чешка итн.

Во Германија се произведуваат само коланот, волнените капчиња, шаловите и машните.

Поврзани

Најнови вести

Коментари