logo
logo
logo

Јахоски со целосна поддршка за тутунарите

Vecer | 23.02.2021

Јахоски со целосна поддршка за тутунарите

Во време на најтешките откупни сезони за тутунот, пратеникот Исмаил Јахоски најавува целосна поддршка за тутунарите и предлог за измена на постоечкиот закон за тутун и тутунски производи.

Тој упати апел до фирмите да не манипулираат со маката на тутунарите и да го откупат тутунот по пазарната цена.

,,Итно да се реши тутунарската мака, да заврши откупот на тутунот и да се преземе вишокот  во законскиот рок, а потоа да се склучуваат договори за новата реколта” апелира Јахоски.

Тој ги потсетува надлежните во најбрз можен рок да најдат решение за проблемите на тутунарите. Според него, добар пример е решението со лозарите кога Владата донесе пакет итни мерки за откупот на грозје и даде поддршка за винарските визби.

Оваа година е проблематична во однос на откупот на тутун, а поради големото незадоволство се организираат протести. Годинешнава реколта изнесува околу 23 илјади тони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk