logo
logo
logo

Извештајот го обелодени огромното трошење на резервите, МЕПСО испорачал фактури од 55 милиони евра

Vecer | 19.08.2022

Извештајот го обелодени огромното трошење на резервите, МЕПСО испорачал фактури од 55 милиони евра

Операторот на електропреносниот систем МЕПСО конечно во годишниот извештај за работата во 2021 ги објави сумите од фактурите кои ги испорачал годинава до снабдувачите со електричната енергија кои лани направија големи отстапувања кога настапи енергетската криза. Како што анализира „Фактор“, овие фирми наместо да купуваат скапа електрична енергија навреме, количините кои им недостигаа ги надополнуваа од резервите на МЕПСО кои се наменети за балансирање на електроенергетскиот систем. Во претходните години немало ваков феномен на јавно објавување на сметките за долгови кон МЕПСО поради отстапувања. Инаку, Регулаторната комисија започна постапка за одземање на лиценците на домашните снабдувачи У-Повер и Мист Енерџи, а на тапет стави и неколку други компании кои добија предупредување. На У-Повер му е испорачана фактура од 433.540.558 денари, или 7,1 милиони евра. За Мист Енерџи сметката е 96.867.490 денари, или 1,58 милиони евра. Но ако се види во фактурите, поголеми отстапувања направиле и други снабдувачи. ЕДС направил долг од 102.117.415 денари, додека бугарскиот Соларпро Холдинг се задолжил кај МЕПСО со 52.587.509 денари. Косовскиот Футуре Енерџи Трејдинг направил отстапувања од 298.624.967 денари, или безмалку 5 милиони евра. Словенечкиот Енергија гас енд Пауер направил минус од 149.896.030, или речиси 2,5 милиони евра. И двете компании најголемите отстапувања ги имале во последните месеци од годината – октомври, ноември и декември. Целата анализа на „Фактор

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk